Време / 22.03.2005
„ФАЈНЛ КАТ ПРОДУКЦИЈА“
По минатогодишниот голем хуманитарен концерт на Скопскиот саем, Тоше Проески повторно најавува средби со публиката. На 3 април тој ќе настапи во битолската спортска сала „Младост“, а за 9 април „Фајнл кат“ веќе го закажа концертот во Универзалната сала во Прилеп. Во меѓувреме Тоше собира песни за новата објава, а досега како автори се потврдени Леонтина Вукомановиќ, Александра Милутиновиќ и Миро Булјан, хрватскиот композитор на песната што Тоше ќе ја сними во дует со Тони Цетински. Албумот ќе се појави во продажба најдоцна до јуни. Ѓ. С.
Тоше со концерти, но и со нови договори
Вечер / 23.03.2005
Најобожаваниот македонски поп пејач Тоше Проески на трети април во спортската сала Младост во Битола ќе одржи концерт. А на деветти април ќе им се претстави на фановите од Прилеп.