Tose Proeski
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeLatest imagesSearchRegisterLog in

 

 „Супер Тоше“ се успа / 17.09.2005

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin


Posts : 237
Join date : 2019-09-19

„Супер Тоше“ се успа / 17.09.2005 Empty
PostSubject: „Супер Тоше“ се успа / 17.09.2005   „Супер Тоше“ се успа / 17.09.2005 EmptyMon Nov 04, 2019 1:08 pm

Време / 17.09.2005
ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА ПОЧНА БЕЗ МЕГАЅВЕЗДАТА Катерина Нешкова

Македонската мегаѕвезда Тоше Проески не се појави вчера во скопскиот дом за деца без родители „11 Октомври“ на потпишувањето на договорот со кој се предвидува 20 отсто од приходите што ќе бидат остварени од продажбата на производите на трговската марка „Супер Тоше“ да се слеваат во касата на домот за деца без родители, во семејствата што згрижуваат вакви деца и во домот за доенчиња без родители во Битола. Децата од домот, возбудени дека кај нив на гости треба да дојде Тоше, речиси еден час го чекаа пред вратата на домот. Сепак, Проески не се појави. Според тоа што неофицијално го дознавме, ѕвездата не можела да се разбуди навреме за во 11 часот да присуствува на потпишувањето на договорот. Официјално организаторите го оправдаа отсуството на Тоше со тоа дека не се чувствувал добро и дека имал зголемена температура. Сепак, и покрај ова, договорот го потпишаа присутните невладината организација „Младински форум“, Стевчо Јакимовски, министер за труд и социјална политика и фирмата „Дел рио филмс“, која е сопственик на трговската марка „Супер Тоше“. Акцијата „Суперхерои на хуманоста“ ќе трае три месеци и според нејзините организатори целта е децата со родители да им помогнат на децата без родители преку суперхеројот Тоше. - Акцијата ќе трае до 20 декември, но се надевам дека договорот ќе биде продолжен и со нови производи, кои ќе бидат дел од трговската марка „Супер Тоше“. Засега станува збор за три производи, стрипот „Супер Тоше“, тетратки од печатницата „БС“ и смоките на „Агроплод“ - рече Димитар Димовски, претседател на невладината организација „Младински форум“, на вчерашното потпишување на договорот. Од оваа невладина организација на децата од домот вчера им беа поделени тетратки и флипс-смоки со ликот на Тоше. Донацијата вреди околу 20.000 денари. - Дваесет отсто од продажбата на оваа трговска марка ќе се слеат во касата на сите деца без родители, а не само во домот „11 Октомври“ - изјави Јакимовски.


Супер Тоше за децата без родители
Дневник / 19.09.2005
ХУМАНОСТ По 20 отсто од секој купен производ на стрип-јунакот Супер Тоше, направен според ликот на популарниот пејач Тоше Проески, ќе оди за штитениците во Домот за деца без родители "11 Октомври" во Скопје. Ова е акцијата што почна од вчера, по потпишувањето на договорот помеѓу министерот за труд и социјална политика Стевчо Јакимовски и претседателот на невладината организација Младински форум за соработка, Димитар Димовски, во Скопје. Таа ќе трае три месеци. Поради здравствени проблеми Тоше Проески, главниот јунак во стрипот, вчера не дојде на средбата. Невладината организација, на децата од Домот на вчерашната промоција на акцијата им подари тетратки и смоки со ликот на стрип-јунакот, во вредност од над 20 илјади денари. - Прекрасно е што правиме бренд со личност каква што е Тоше. Стрипот, тетратките и смоките со ликот на Супер Тоше ќе бидат хит за децата - изјави Јакимовски.
Back to top Go down
https://tose.forumotion.com
 
„Супер Тоше“ се успа / 17.09.2005
Back to top 
Page 1 of 1
 Similar topics
-
» Тоше на гости кај Цетински / 25.03.2005
» Тоше ќе пее со Руската филхармонија / 13.05.2005
» Тоше го прослави 24. роденден / 27.01.2005
» Тоше инспириран легна на сцена / 27.12.2005
» Директен пренос од промоцијата на Тоше / 20.07.2005

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2005-
Jump to: