Tose Proeski
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeLatest imagesSearchRegisterLog in

 

 Ора и изворни песни во центарот на Рим / 12.05.2005

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin


Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Ора и изворни песни во центарот на Рим / 12.05.2005 Empty
PostSubject: Ора и изворни песни во центарот на Рим / 12.05.2005   Ора и изворни песни во центарот на Рим / 12.05.2005 EmptySun Oct 20, 2019 1:34 pm

Дневник / 12.05.2005
МАКЕДОНИЈА ВО ЧЕСТ НА СВ. КИРИЛ

Македонскиот етнозвук и народната песна ќе одекнат во центарот Рим во чест на големиот словенски просветител свети Кирил, во рамките на манифестацијата "Македонија во чест на Св. Кирил", што ќе се одржи од 23 до 26 мај. Името на големиот мисионер, филозоф и учител, нашата земја ќе го одбележи со големи заеднички концерти на врвни уметници. Ќе настапат членовите од Ансамблот за народни песни и игри "Танец", големиот музичар Влатко Стефановски и поп-пејачот Тоше Проески. Легендарните ора "Тешкото", "Калајџиско", "Невестинско" и голем број изворни песни и мелодии ќе бидат дел од програмата што ќе ја исполнат нашите уметници. Подготовките за настапот се одвиваат забрзано, а од ансамблот "Танец", кој ќе ја има централната улога во манифестацијата, најавуваат спектакуларно и енергично претставување на нашите етно-мелос и игри пред светската публика во Италија. - Подготовките течат во најдобар ред. Го чекаме Влатко Стефановски да се врати од Шведска, за да одржиме заеднички проби. За настапот во Рим подготвуваме посебна програма што е поблиска до етнозвукот, зашто публиката во Западна Европа навистина ужива кога ги слуша и гледа нашите изворни песни и игри. Заедничките концерти со Стефановски и со Проески се одлична комбинација за меѓународно претставување на нашата култура и музика во странство, а особено во рамките на чествувањето на свети Кирил - рече Марко Коловски од Ансамблот за народни песни и игри "Танец". Чествувањето на свети Кирил ќе биде отворено со камерен концерт на Стефановски, Проески и на дел од членовите на "Танец", кои на 23 мај ќе настапат во културниот центар "Дионизија", во познатата вила "Пиколомини" во Рим. Централниот дел од манифестацијата ќе биде одржан следниот ден, на популарниот римски плоштад "Санта Мариа ин Трастевере", каде што главната улога ќе ја имаат музичарите и игроорците од ансамблот "Танец". Ората "Невестинско", "Водичарки", "Тешкото", Велигденско", "Калајџиско" ќе бидат дел од богатата програма на ансамблот. На римскиот плоштад ќе се појават и Стефановски и Проески кои, придружени од членовите на "Танец", ќе исполнат инструментални дела и неколку изворни песни од нашето музичко творештво. Уметничкиот дел од манифестацијата ќе заврши на 25 мај, во Музејот "Капитолини" во Рим, со заеднички акустичен етно-концерт на Влатко Стефановски и на музичарите од оркестарот на "Танец". (Т.О.)
Back to top Go down
https://tose.forumotion.com
 
Ора и изворни песни во центарот на Рим / 12.05.2005
Back to top 
Page 1 of 1
 Similar topics
-
» Сакам да сум Проја / 06.12.2005
» „Супер Тоше“ се успа / 17.09.2005
» Хуманитарен концерт за старите лица / 28.05.2005-31.05.2005
» ЧИТАТЕЛКИТЕ НА "ТАА" ИЗБРАА / 22.01.2005
» И се извинив на Руслана / 10.02.2005

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2005-
Jump to: