Дневник / 27.05.2005
Во чест на патрониот празник на универзитетот "Св. Кирил и Методиј", завчеравечер се одржа голема студентска забава пред платото на Универзитетот. Студентите се забавуваа на музиката на естрадните ѕвезди Тоше Проески, Тамара Тодевска, Мартин Вучиќ, Адријан Гаџа, Ева Нединковска, Бојана Атанасовска и групите "Биг бенд" и "Нејбрс бенд" од Факултетот за музички уметности. Водители на манифестацијата беа Ненад Ѓорѓиевски и Живкица Ѓурчиновска. (Е.Т.)