Дневник / 06.03.2002
ПРИЗНАНИЕ од Југословенската естрада На манифестацијата "Виктор и Викторија", која синоќа се одржа во "Српско народно позориште" во Нови сад, Каролина Гочева и Тоше Проески беа прогласени за најпопуларни пејачи од поранешните југословенски простори. "Виктор и Викторија" претставува собир на југословенската музичка елита на кој се наградуваат најпопуларните поп-, рок-, и фолк-југословенски изведувачи за изминатата година. На оваа спектакуларна манифестација Каролина настапи со песната "Кажи ми", а Тоше Проески ја отпеа композицијата "Во коси да ти спијам". (С.А.Н.)