Утрински / 16.02.2004
Лилјана Петровиќ, за искричењата меѓу "Космофон" и "Мобимак"
Катерина Шекеровска
Последните искричења на мобилните оператори ?Мобимак" и ?Космофон" предизвикани од организацијата на телефонското гласање на домашниот избор за Песна на Евровизија - завршија со единствено гласање на гледачите преку фиксен телефон. Генералниот спонзор на Тоше Проески, ?Космофон", се откажа од СМС-пораките неколку часа пред почетокот на изборот, не успевајќи да најде заеднички јазик со ?Мобимак", чиј директор Јован Петровски, на петочната прес-конференција, објави дека менаџерката на Тоше Проески, Лилјана Петровиќ, побарала од нив шестцифрена сума во евра за спонзорство. ?Му се заблагодарувам на господинот Петровски што ја одреди цената на мојот пејач, онаа која треба, всушност, да ја кажам. Според мене, Тоше навистина вреди толку, но и многу повеќе, но никогаш не би се осудила во оваа земја да ја кажам таа сума пари", објаснува Петровиќ, која додава дека ?Мобимак" можел да избира дали ќе биде спонзор со 50.000, 100.000 или 200.000 евра. ?Воопшто не ми се допаѓа системот на преговори со 'Мобимак'. Тие предлагаа да им кажам колку гледачи ќе гласаат за Тоше и колку пари ќе заработат на СМС-пораки, што значи нивниот предлог беше од типот - ајде да направиме концерт на стадион кој собира 300.000 луѓе, а билетите да се купуваат преку СМС", вели Петровиќ. Петровиќ додава дека Македонија првпат има вистинска ѕвезда, која освен на екс ЈУ-просторите за кратко време ќе биде и светска ѕвезда. ?Тоа влече многу обврски и товар. Еве, на пример, екипа од 25 луѓе треба да патува во Турција на 4 мај и да остане таму до 16 мај. Тоа се 12 дена, а една соба чини 270 долари на ноќ! Или за да направиме добар професионален клип за победничката песна и да не се засрамиме пред 36 земји - ни требаат 100.000 евра... Тоа што не сме подготвени да имаме ѕвезда каква што имаме и тоа да го поднесеме - е вистинска штета, но се надевам дека ќе биде сў в ред", вели Лилјана Петровиќ.