Дневник / 20.04.2004
мегаЅВЕЗДата на 28 април во скопЈе наместо во белград
Мегаѕвездата Тоше Проески го откажа гостувањето на најголемата музичка манифестација "Оскар на популарноста", која ќе се одржи на 28 и 29 април во Белград, за да гласа за избор на претседател на Република Македонија. - Го откажав гостувањето бидејќи сакам да ја исполнам граѓанската должност и на 28 април да гласам. Секогаш се трудам да бидам добар пример за моите обожаватели. Верувам дека следејќи го мојот потег голем дел од нив ќе се појават на гласачките места - вели тој. На манифестацијата "Оскар на популарноста" се доделуваат награди за најдобрите во музиката во повеќе номинации. Проески е номиниран во категориите најдобар поп-пејач и хит на годината. (С.А.Н)