Tose Proeski
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeLatest imagesSearchRegisterLog in

 

 Песната на Тоше на финскиот, данскиот и на јужноафриканскиот пазар / 08.05.2004

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin


Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Песната на Тоше на финскиот, данскиот и на јужноафриканскиот пазар / 08.05.2004 Empty
PostSubject: Песната на Тоше на финскиот, данскиот и на јужноафриканскиот пазар / 08.05.2004   Песната на Тоше на финскиот, данскиот и на јужноафриканскиот пазар / 08.05.2004 EmptyMon Sep 23, 2019 4:39 pm

Време / 08.05.2004
„ЕВРОСОНГ“ 2004 Ѓорге Стојанов

Тоше Проески добил понуди од фински, дански и од јужноафрикански дискографски куќи да ја сними евровизиската песна „Лифе“ за тамошните пазари. Според менаџерката на нашиот евровизиски претставник, Љиљана Петровиќ, слично интересирање покажале и компании од уште неколку земји, но засега најконкретни биле куќите од спомнативе земји. - Не контактираа дискографски куќи од повеќе земји кои покажаа интересирање да ја објават песната на Тоше на тамошните музички пазари, а тоа за нас е реален индикатор дека спаѓаме во редот на фаворитите во евровизиското полуфинале - ни изјави Петровиќ. Таа вчера се јави во Редакцијата на „Време“ за да реагира на текстот објавен во вчерашниот број на нашиот весник, во кој беше пласирана информација за откажувањето на планираната Македонска вечер во Истанбул. - Одржувањето на Македонската вечер не е нешто што мора да се случи. А не знам ни како може да се очекува такво нешто од нас, кога македонската држава со никакви средства не учествуваше во промоцијата на државата и на нашиот настап во Истанбул. Апелирам до новинарите да не избрзуваат со какви било коментари, а јас ве убедувам дека кога македонската делегација ќе се врати од Турција, транспарентно ќе ви одговорам на сите шпекулации што во меѓувреме се појавија во медиумите. Љиљана Петровиќ ни ја потврди информацијата што ја добивме од шефот на македонската делегација во Истанбул, Иван Мирчевски, дека на 10 мај, со почеток во 22 часот, Тоше Проески ќе гостува во специјалната емисија на приватната турска телевизија Канал Д, како специјален гостин на израелската делегација која откупила програмски простор од два часа. - Ќе бидат присутни претставници на повеќе земји-учеснички, но единствено Тоше од сите учесници ќе има статус на гостин. Тој заедно со придружните вокали и со комплетната кореографија ќе ја изведе во живо „Лифе“, песната со која ќе не претставува на „Евровизија 2004“. Мислам дека тоа е прекрасен начин за поголема промоција на нашиот Тоше.
Back to top Go down
https://tose.forumotion.com
 
Песната на Тоше на финскиот, данскиот и на јужноафриканскиот пазар / 08.05.2004
Back to top 
Page 1 of 1
 Similar topics
-
» Тоше вечер ќе се натпреварува на Евросонг 2004 / 12.05.2004
» Тоше ќе пее на Градски стадион / 23.05.2004 10.06.2004
» Тоше ќе настапи 15. по ред! / 12.05.2004
» Тоше Проески ќе пее 15-ти / 24.03.2004
» Тоше Проески се пласираше во финалето на Евросонг 2004 / 13-14.05.2004

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2004-
Jump to: