Време / 04.11.2004
АМБАСАДОРОТ НА УНИЦЕФ СО НОВ ПРОЕКТ
Со голем хуманитарен концерт, кој ќе се одржи на 2 декември во петтата хала на Скопски саем, најуспешниот македонски поп-пејач Тоше Проески ќе ги заокружи активностите во 2004 година како почесен амбасадор на УНИЦЕФ. Специјални музички гости на концертот ќе бидат словенечката пејачка Ања Рупел, со која го сними актуелниот сингл „Крање време је“, како и хрватскиот изведувач Тони Цетински, со кого допрва треба да сними дует. Собраните средства од музичкиот хепенинг ќе се искористат за реновирање на скопската детска клиника. Претходно, на 16 ноември, Тоше ќе настапи во Софија како дел од роденденскиот музички хепенинг што го организира бугарскиот сателитски канал „Фан“. Веќе е закажано и негово гостување во Сараево, кое ќе се случи на 26 ноември. <> Ѓ. С.