Време / 02.12.2004
„СО МУЗИКА ЗА ЖИВОТ“ ВЕЧЕРВА НА САЕМ
Со голем хуманитарен концерт, кој се одржува вечерва (20 часот) во петтата хала на Скопскиот саем, најуспешниот македонски поп-пејач Тоше Проески ќе ги заокружи активностите во 2004 година како почесен амбасадор на УНИЦЕФ. Специјални музички гости на концертот ќе бидат словенечката пејачка Ања Рупел, со која го сними актуелниот сингл „Крајње време је“, хрватскиот изведувач Тони Цетински, со кого допрва треба да сними дует, Леонтина, авторката на хитот „Чија си“, и нашите музички амбасадори - групата „Синтезис“, Есма и гудачкиот оркестар на Зоран Џорлев. Собраните средства од музичкиот хепенинг, кој се одржува под мотото „Со музика за живот“, ќе се искористат за реновирање на скопската Клиника за детски болести.