Дневник / 15.12.2003
УНИВЕРЗАЛНА САЛА
"Со музика за животот" е мотото под кое ќе се одржи хуманитарниот концерт на Тоше Проески вечерва во 20 часот во Универзалната сала во Скопје. Средствата од влезниците кои чинат 1.000 денари ќе бидат наменети за санација на Детската клиника во Скопје. Концертот директно ќе се пренесува на МТВ. Покровител на концертот е "Космофон".