Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeSearchRegisterLog in

 

 Тоше, Калиопи и Владо со најмногу номинации / 30.11.2004

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin

Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Тоше, Калиопи и Владо со најмногу номинации / 30.11.2004 Empty
PostSubject: Тоше, Калиопи и Владо со најмногу номинации / 30.11.2004   Тоше, Калиопи и Владо со најмногу номинации / 30.11.2004 EmptyTue Sep 24, 2019 9:34 am

Дневник / 30.11.2004
12 ВЕЛИЧЕСТВЕНИ

Тоше Проески, Владо Јаневски, Дарио, Мартин Вучиќ и Марјан Стојановски се номинирани во категоријата пејач на годината, на манифестацијата "12 Величествени", што ќе се одржи на 16 декември во Универзалната сала во Скопје. Во категоријата пејачка на годината номинирани се: Калиопи, Александра Пилева, Биба Додева, Тамара и Кристина Арнаудова. Во конкуренција за откритие се: "4 плеј", "Дина", Роботек", Лени и Станимир Ѓуричиќ. За "Концерт на годината" во конкуренција се: Тоше Проески ("Градски стадион"), Калиопи (Универзална сала), "Суперхикс" (Сајмиште), "Синтезис" ("Универзална сала) и Владо Јаневски (Универзална сала). Во категоријата продуцент се: Дарко Димитров, Кристијан Габровски, Роберт Билбилов, Валентино Скендеровски, Александар Масевски. Петтемина номинирани за аранжер на годината се: Кристијан Габровски, Владимир Дојчиновски-Дојчин, Дарко Димитров, Тоше Поп Симонов и Роберт Билбилов. За текстописец на годината ќе се "борат": Владо Јаневски, Калиопи, Весна Малинова, Кристијан Габровски и Огнен Неделковски, а за композитор: Дарко Димитров, Александар Масевски, Калиопи, Григор Копров и Кристијан Габровски. Во категоријата група на годината номинирани се: "Мизар", "Синтезис", "Суперхикс", "Д.Н.О" и "Аренси бенд". Петте номинирани албуми се: "Ден за нас" (Тоше Проески), "Не ми го земај времето" (Калиопи), "Ваков или таков" (Владо Јаневски), "Муза" (Мартин Вучиќ) и "Една добра причина" (Биба Додева). Во конкуренција за хит на годината се темите: "Далеку од мене (Тоше), "За кого постојам" (Калиопи), "Сино" (Тамара), "Муза" (Мартин Вучиќ) и "Нема утеха" (Александра Пилева). Петте номинирани видеоспотови се: "Пурпурни дождови" (Калиопи), "Само ти" (Дарко Гелев-Брејк), "Возови" (Кристина Арнаудова), "Заминување" ("Суперхикс") и "Душа калдрма" (Александар Митевски). Наградата за трајни вредности ќе му припадне на Славе Димитров. За победниците ќе решат гласовите од жирито музички новинари и гласовите добиени со СМС-пораки (070 142-142) и преку интернет-сајтот www.muzika.et.mk. Гласањето почнува денес, а ќе трае до 10 декември, кога ќе се сумираат резултатите. (С.А.Н.)
Back to top Go down
https://tose.forumotion.me
 
Тоше, Калиопи и Владо со најмногу номинации / 30.11.2004
Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2004-
Jump to: