Tose Proeski
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeLatest imagesSearchRegisterLog in

 

 Тоше ни оддалеку не е богат колку што е голема ѕвезда / 17.01.2005

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin


Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Тоше ни оддалеку не е богат колку што е голема ѕвезда / 17.01.2005 Empty
PostSubject: Тоше ни оддалеку не е богат колку што е голема ѕвезда / 17.01.2005   Тоше ни оддалеку не е богат колку што е голема ѕвезда / 17.01.2005 EmptyTue Sep 24, 2019 7:16 pm


Утрински / 17.01.2005
Колку навистина заработува и троши нашата најголема пејачка ѕвезда? Катерина ШеЌеровска

Деновиве во јавноста се актуализира прашањето околу финансиската состојба на Тоше Проески. Колку е навистина богат Проески, колку заработи во изминатиов период и што сў поседува, колку троши, како живее... се прашања кои побудуваат големо интересирање не само кај обожавателите на Тоше, туку и кај голем број граѓани, но и кај даночниците. Дали Тоше заработува 100.000, 200.000, 300.000 евра годишно или неговите примања се приближно меѓу 500.000 и 1.000.000 евра, колку што заработуваат балканските мегаѕвезди никој не знае. Во Македонија тоа е голема тајна како што е тајна колку заработуваат политичарите, деловните луѓе, спортистите и сите други успешни и помалку успешни колеги на Тоше. Во Македонија примањата и даноците на јавните личности се најголемата непознатост. За ова прашање има вистински стопроцентен консензус кај сите, кај партиите, кај власта, кај опозицијата, кај судовите, во парламентот, во компаниите, во шоу-бизнисот, кај спортистите, кај новинарите, сите молчат, ниту еден не кажал - годинава заработив толку и толку и платив толку на државата данок со што се гордеам, бидејќи знам за што се трошат моите пари. Оваа табу тема, одвреме-навреме кога има потреба некој од јавните личности или деловни луѓе, се потегнува половично и непрофесионално за на некого од политички или од конкурентски причини да му се наштети, а не ретко и од чиста завист. Онака дилетантски ќе се обвини некој јавно дека многу заработува и не плаќа данок, тоа се прави без релевантни докази и извори, и готово. Потоа следува молк. Државата сў уште ни оддалеку не ги активирала своите механизми за даночана контрола и комуникација со јавноста во врска со овие чувствителни парашања За Тоше Проески, како наша најголема естрадна и пејачка мегаѕвезда, врзани се многу приказни и шпекулации за баснословни суми. Неговите, пак, блиски пријатели знаат една сосема поинаква приказна. "Тоше заработува многу, но и троши многу. Една мегаѕвезда како што е Тоше вложува многу во себееи, објаснува неговата менаџерка Лилјана Петровиќ. "Фајнл катти инвестира во него и во неговата кариера. Во изминатиов период тој заработи многу пари, но и потроши многу, а допрва нў чекаат големи инвестиции. Тоа многу не значат милионски суми во евра, туку во денари. Значи, работиме, заработуваме, се снаоѓаме и преживуваме како и голем број граѓани во Македонија. И јас и Тоше имаме огромни планови за иднината, многу вложувања, но истовремено се трудиме да обезбедиме и покрив над главата и еден солиден автомобил каков што треба да вози една мегаѕвезда од калибарот на Тошееи, вели Петровиќ. Изминатава година Тоше Проески првпат доби и постојана адреса на живеење во Скопје. Купи стан од 80 квадратни метри во населбата Црниче, го опреми со луксузен мебел и музичко студио со најсовремена опрема. Неофицијално, комплетните трошоци околу купувањето на неговиот стан во Скопје изнесуваат околу 96.000 евра, а голем дел од нив се обезбедени по пат на кредит од неговиот спонзор - Интернационална приватна банка. Токму за името на оваа банка се врзани и актуелните шпекулации според кои ИПБ ги враќа старите долгови на Петровиќ. "ИПБ ни даде кредит за станот. Оваа банка е во својство на спонзор, кој многу го почитувам, многу ми помогна и ми овозможи кредит за стан. И тука завршува сўўи, вели Петровиќ, на чија адреса деновиве пристигнуваат и други обвиненија... "Немам намера на никого да се правдам. Имам премногу обврски, водам една голема мегаѕвезда која треба да биде уште поуспешна. Во принцип, мислам дека сето ова што се случува деновиве е смислено и со некаква причина, дали е тоа недоверба на спонзорите, на другите луѓе, зашто ова е период кога склучуваме деловни договори, не знам... Сў е тенденциозно смислено за уништување. Не знам на кого му е Тоше толку потребен и неопходен и кој мисли дека ќе ме скрши мене и ќе го добие него?!!и, прашува Петровиќ, која е категорична во одговорот на прашањето дека нема никакви турбуленции и проблеми во односот со спонзорите со кои соработува веќе неколку години. "Продолжуваме да работиме, а наш успех и демант нека бидат делата. Зар треба да го изнесам целото книговодство на увид? Не сакам да се правдам. Ако му должам на "Дајнерсси, ќе сносам кривична одговорност. Ако не возел Тоше "тојотааи, "Тојотааи ќе ме тужи. Тоа се интерни работи меѓу мене и моите спонзориии, вели Петровиќ, додавајќи дека поседува документи со кои се демантираат сите неодамна објавени (не)вистини врзани за нејзиното име, меѓу кои се спомнува и долгот спрема познатата пејачка од СЦГ Јелена Крлеуша, но и спрема "Мобимакки. "Јелена е моја добра пријателка, а со "Мобимакки никогаш не сум имала ништо. Единствено задоцнив два месеца со плаќање на сметките зашто не бев во државава, но подоцна ги платив. А што се однесува до "Тојатааи... Тоше возеше "тојотааи пред две години. Имавме договор кој го исполнивме и тој завршиии. За крај, има ли "потерницааи по Петровиќ во СЦГ - е уште едно од прашањата што ја ставаат на тапет менаџерката на Тоше. "Јас сум јавна личност, сите знаат каде може да ме најдат, носам југословенски пасош, влегувам слободно во Србија и Црна Гора... А сите оние што би сакале да видат нешто убаво, во јуни ќе организирам огромен концерт и промоција на Тоше во Белград. Тој отсекогаш бил и останал моја поддршка. Продолжуваме со главата горе во нови победиии, заврши Љиљана Петровиќ. Се разбира, и во оваа сторија за заработувачката на Тоше Проески нема спектакли и прецизни бројки, но даночниците најавуваат дека набргу ке се позабават посериозно со даночната политика. Први на удар ќе бидат јавните личности и првите ешалони од политиката и власта, веднаш потоа се луѓето од шоу-бизнисот и големите ѕвезди. Ќе се види дали нивните менаџери или тие лично прават измами со парите на нивните поклоници, односно не си го плаќаат данокот. Велат правило е да се тргне оттаму. Во тој случај, ќе се види колку заработуваат тие што ги гласаме, но и тие што ги сакаме, што ги купуваме нивните песни, весници, книги, пијалаци... ќе се види колку Ј плаќаат на државата, односно на оние кои живат од буџетот, ги учат нашите деца, нў лекуваат, нў бранат и нў заштитуваат, итн, итн.
Back to top Go down
https://tose.forumotion.com
 
Тоше ни оддалеку не е богат колку што е голема ѕвезда / 17.01.2005
Back to top 
Page 1 of 1
 Similar topics
-
» Го потврди статусот на голема ѕвезда / 05.12.2005
»  Ѓ. С. КОПРОВ: ТОШЕ МЕ МОЛЕШЕ ДА ГО НАПРАВАМ ЅВЕЗДА / 03.09.2005
» Тоше на гости кај Цетински / 25.03.2005
» Тоше сними спот во Софија / 11.05.2005
» „Супер Тоше“ се успа / 17.09.2005

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2005-
Jump to: