Утрински / 11.05.2005
Пред издавањето на новиот албум Како дел од подготовките и најавата за новиот албум, Тоше Проески во изминативе денови го сними својот најнов спот во продукција на ,,Свет филмааи во Софија. Записот е за темата ,,Кој ли ти гризе образиии, чиј автор е Миро Буљан, а е снимен на филмска лента во режија на Јане Ќортошев и камера - Ненад Радоевиќ. Спотот се снимаше повеќе од 20 часа, а во главната женска улога се јавува познатото бугарско ТВ-лице Румена Пеева. Инаку, на новиот албум на Тоше, кој е во завршна фаза, ќе бидат сместени десет нови песни, кои паралелно се снимаат во Хрватска, Словенија и Македонија. Цедето се очекува да излезе во почетокот на јуни, а како бонус-нумери ќе се најдат и дуетите со Тони Цетински и Ања Рупел ,,Лагала нас малааи и ,,Крајње времееи, но и песната за УНИЦЕФ - ,,Овој светти.