Време / 25.01.2005
ВО СТУДИОТО НА „ТОМАТО“
Во студиото на „Томато продукција“ завчера нашата најголема поп-ѕвезда Тоше Проески го сними спотот за нумерата „Овој свет“, неформалната детска химна на УНИЦЕФ. Во видеозаписот, покрај Проески и децата со оштетен вид , кои партиципираа во проектот, посебен шмек остава препознатливиот екоавтобус со зелени цветчиња. Комплетен автор на англиската верзија на песната е познатиот српски композитор Младен Марковиќ, а за македонскиот текст се погрижи Весна Малинова. <> Ѓ. С.