Tose Proeski
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeLatest imagesSearchRegisterLog in

 

 Евровизискиот костум на Тоше продаден за 50.000 денари / 17.01.2005

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin


Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Евровизискиот костум на Тоше продаден за 50.000 денари / 17.01.2005 Empty
PostSubject: Евровизискиот костум на Тоше продаден за 50.000 денари / 17.01.2005   Евровизискиот костум на Тоше продаден за 50.000 денари / 17.01.2005 EmptyTue Sep 24, 2019 7:19 pm

Време / 17.01.2005
ЦУНАМИ

Рекордни цени на завчерашната ТВ-аукција на облека и на предмети од естрадните личности постигнаа сликата од Мерсад Бербер, која се продаде за 6.000 евра, портретот на Есма Реџепова, за кој наддавачот Живко Здравковски понуди извонредни 5.000 австралиски долари, како и евровизискиот костум од бела кожа на Тоше Проески, кој се продаде за 50.000 денари. Според „купувачот“ Никола Димовски, приватен стопанственик, костумот во иднина ќе биде изложен во салон од 300 квадратни метри. Најголем интерес граѓаните покажаа за парчињата облека на Тоше Проески. Зелениот џемпер што го носи на фотографиите од обвивката на минатиот албум се продаде за 5.000 денари, а белиот џемпер за 10.000 денари. Граѓаните бараа да купат уште нешто од својот музички идол, но бидејќи се беше распродадено Проески го извади ременот што го носеше на себе и го понуди на лицитација со почетна цена од 1.000 денари. Ваквиот гест предизвика еуфорија во телевизиското студио, а неговите колеги веднаш почнаа да се наддаваат. Со лицитацијата продолжија гледачите што за ременот марка „дизел“ понудија дури 13.000 денари. Најупорниот наддавач беше момче од Штип. Организаторите велат дека најголемо изненадување за нив било наддавањето за цедето на Симон Трпчевски чија почетна цена беше 500 денари, а се продаде за 28.000 денари. Во долгото и вжештено наддавање Даниел Мојсов ја понуди највисоката цена и го доби цедето на кое се сместени популарни дела на руски автори, а во изведба на Симон Трпчевски. Цедето кај нас го нема во продажба. - Луѓето што се наддаваа не го правеа тоа за да ги купат производите. Тие сакаа да донираат пари, а аукцијата беше можност да го сторат тоа и притоа да им остане нешто за спомен. Оние со кои разговарав ми рекоа дека сакаат да донираат 10.000 денари, а јас да наддавам до таа сума и тие ќе го купат производот - вели Камелија Левенска од „Мобимак“. Организаторите очекуваат дека од аукцијата ќе се соберат околу три милиони денари. Две слики на Калиопи, насликани од нејзината мајка со мотив „македонските мажи и македонската жена“, за 500 евра ги купи Олга Костовска. Љупчо Николовски - Фуфо за 3.800 денари купи бело волнено капче од Тамара Тодевска, како подарок за неговата ќерка. Сашко Станинов го купи комплетот од 20 компакт-диска на групата „Синтезис“ за 20.000 денари. За потпишаниот дрес на нашиот фудбалер Николче Новевски, кој игра за фудбалскиот клуб „Мајнц“, а кој го понуди Игор Филевски-Филе, имаше експресно наддавање и тој достигна цена од 10.000 денари.
Back to top Go down
https://tose.forumotion.com
 
Евровизискиот костум на Тоше продаден за 50.000 денари / 17.01.2005
Back to top 
Page 1 of 1
 Similar topics
-
» Евровизискиот костум на Тоше на аукција
» Тоше и Лилја собраа 13 илјади денари бакшиш / 19.10.2005
» „Супер Тоше“ се успа / 17.09.2005
» Тоше ќе пее со Руската филхармонија / 13.05.2005
» Тоше го прослави 24. роденден / 27.01.2005

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2005-
Jump to: