Tose Proeski
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeLatest imagesSearchRegisterLog in

 

 Скапо ќе ја платиме евтината приказна за Тоше / 10.02.2005

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin


Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Скапо ќе ја платиме евтината приказна за Тоше / 10.02.2005 Empty
PostSubject: Скапо ќе ја платиме евтината приказна за Тоше / 10.02.2005   Скапо ќе ја платиме евтината приказна за Тоше / 10.02.2005 EmptyTue Sep 24, 2019 7:59 pm

Дневник / 10.02.2005
Коментар - Катерина Блажевска

И благодарам на Украинката Руслана што дојде и што ни донесе едно големо огледало за да се погледнеме во него и да разбереме кои сме и какви сме. Во тоа огледало којзнае којпат го видов одразот на оној проклет македонски синдром, кој подмолно клечи во заседа, стуткан во некоја ДНК-спирала и чека момент за да ги истури пред јавноста целата наша мизерија, кусогледост и простотилак. Ако за квалитетно музичко претставување на земјава во Истанбул беше доволен Тоше, за општа брука во Скопје не беа потребни повеќе од двајца непромислени македонски новинари. Се срамам од она што завчера го направија моите колеги. Видов огромен нихилизам, кој излегува од секоја пора во желбата да се уништи се што е вредно, да се исплука, да се изгази една личност на јавна сцена. Зошто беше потребен целиот тој мастраф? За само пет минути задоволство во друштво со пејачка што во џебот има сертификат за победа на евровизиско шоу. Каква тешка фрустрација! Пет минути кафеанско ниво на разговор, во кој сметката од новинарското лешинарството, сеирџиство и малограѓанштина треба да ја плати некој трет. Во случајов, Тоше, со своето име, чест и кариера. Какви луѓе сме ние? Руслана дојде со многу позитивна енергија и со убави зборови за Македонија. Првиот поздрав му го посвети на Тоше Проески. Претходно никогаш не била овде. Сликата за Македонија досега ја градела токму преку познанството со својот македонски колега. Ако Македонија за свој претставник на Евровизија испратила човек со вонсериски гласовни можности, личност чија насмевка и убавиот збор и се главен белег на комуникацијата, во таа земја Македонија мора да живеат многу талентирани луѓе, кои ги негуваат вредностите на музиката. Таму мора да живеат добри луѓе, без трошка злоба. Така, веројатно си мислела Руслана пред да слета во Скопје. Ја уверивме во спротивното. Само што го поздрави Тоше со најубави зборови, ние и го фрливме курбанот пред нозете. "Ама, Тоше рече дека Вие не знаете да пеете..." Тоа е нашиот синдром што ги тресе сите сфери од животот. Фаќаме жив човек за гуша, ни крив ни должен, неговото достоинство и углед ги вртиме жестоко на ражен за да ја импресионираме гостинката. Повеќе респект доживеа шалот на Руслана, отколку нашиот уметник. На Тоше ќе се сетиме откако таа ќе замине, тогаш кога ќе се свртиме околу себе и ќе се прашаме колку добри луѓе имаме во музиката, штом толку ниско и евтино ги компромитираме. И не е во прашање само музиката. Зборуваме за истиот оној Тоше што пее на стотици хуманитарни концерти за илјадници деца во земјава. Тој им помага да го добијат она што државата не им го дала, а требало да им го даде. Ама некои наши новинари не ги ценат домашните ѕвезди. Згора на тоа, немаат ни храброст да ги прашаат политичарите до кога Тоше и други јавни личности ќе собираат помош за жртви од азиското и од сите наши домашни цунамија, до кога ќе ја работат работата на министрите за труд, економија, здравство... Тие не прашуваат што побрзо се троши: парите од Фондот за здравство или гласот на Тоше Проески, кој нема пет минути пауза помеѓу два хуманитарни концерта, токму поради дупките во тој и слични фондови. Ние си имаме новинари што се "храбри" само пред Руслана. Тие секогаш ќе бидат подготвени на Тоше да му ја скршат кичмата, оти тој не е од странство, од "меџународната заедница", ами од овде, од жално Крушево, од Македонија. Се удавивме во суфицит од малограѓани што се фасцинираат од "марки" како селски невести на кои во атарот им дошол некој "познат", па една недела нема да си ги мијат рацете оти се поздравиле со него. Дури и да се измијат, ништо нема да ги испере. Снимките од тој срамен чин што Руслана ќе ги понесе во Украина ќе бидат "големата приказна" за нас. Некои, пак, и натаму празноглаво ќе веруваат дека му продале на светот уште една "ексклузивна сторија", без да сфатат колку евтино се вградиле во неа.
Back to top Go down
https://tose.forumotion.com
 
Скапо ќе ја платиме евтината приказна за Тоше / 10.02.2005
Back to top 
Page 1 of 1
 Similar topics
-
» Тоше на гости кај Цетински / 25.03.2005
» „Супер Тоше“ се успа / 17.09.2005
» Тоше ќе пее со Руската филхармонија / 13.05.2005
» Тоше го прослави 24. роденден / 27.01.2005
» Тоше инспириран легна на сцена / 27.12.2005

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2005-
Jump to: