Време / 14.02.2005
КУЛТУРНА ПОНУДА ВО БРИСЕЛ
Получасовната главна музичка програма што вечерва, во салата „Концерт нобл“ во Брисел, ќе ја изведе македонскиот пијанист Симон Трпчески е составена од: „Интермецо оп. 117 број 1“ од Јоханес Брамс, „Кармен фантазија“ од Бизе - Бузони, „Октомври“ од циклусот „Годишните времиња“ на Чајковски, „Кордоба“ од Албениц, „Прелудиуми“ од Рахмањинов и „Прелудиум“ и „Пајдушка“ од Живоин Глишиќ. Во придружната програма потоа ќе настапи Тоше Проески, кој во пијано-придружба на Трпчески ќе ги изведе аријата „Е Луце ван ле Стелле“ и песната „Љубена“ на Трпчески. Виолистот Блерим Груби ќе го заокружи овој настап со изведбите на „Песна“ од Томислав Зографски и „Песна“ од Александар Печи. За време на коктелот ќе настапи квартетот на Драган Даутовски, а Тоше ќе изведе традиционални македонски песни. Програмата е дел од церемонијата на денешното свечено предавање на македонските одговори на европрашалникот во Брисел.