Tose Proeski
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeLatest imagesSearchRegisterLog in

 

 Менаџерката на Тоше побарала шестцифрена бројка од „Мобимак"/ 14.02.2004

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin


Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Менаџерката на Тоше побарала шестцифрена бројка од „Мобимак"/ 14.02.2004 Empty
PostSubject: Менаџерката на Тоше побарала шестцифрена бројка од „Мобимак"/ 14.02.2004   Менаџерката на Тоше побарала шестцифрена бројка од „Мобимак"/ 14.02.2004 EmptyMon Sep 23, 2019 1:17 pm

Утрински / 14.02.2004
Додека „Мобимак" и „Космофон" водат војна околу одржувањето на „Евросонгот"

Барањата на менаџерката биле одбиени како нереални Менаџерката на Тоше Проески, Лилјана Петровиќ, во водените преговори со ?Мобимак" околу одржувањето на изборот за "Евросонг" побарала од овој мобилен оператор шестцифрена бројка во евра за склучување договор со кој Тоше би станал ексклузивец на ?Мобимак". Ова го потврди првиот човек на оваа компанија, Јован Петровски, на вчерашната прес-конференција одржана по повод шпекулациите околу гласањето за изборот на Песна за Евровизија. Тој не сакаше да каже за колкава сума станува збор, но рече дека на секоја од средбите, Петровиќ доаѓала со барање за сў поголема сума, за да соопшти на крај дека е продолжен договорот со ?Космофон". Инаку, овие преговори биле водени затоа што договорот на Тоше Проевски со ?Космофон" истекувал на крајот на февруари. Од ?Мобимак" биле одбиени барањата како нереални и, според Петровски, компанијата досега се има докажано како спонзор на низа манифестации и естрадни имиња. Изборот на песната со која "Тоше национале" ќе ја претставува Македонија на изборот на Песна на Евровизија, најверојатно, ќе се одвива без гласовите кои корисниците на мрежата на ?Мобимак" би ги испраќале преку СМС-пораки. "Доколку нашите претплатници гласаат на телефонскиот број определен од "Космофон" за праќање на СМС-порака, нивните гласови ќе бидат тарифирани, а истовремено нема да се вбројат во вкупниот број гласови", изјави Петровски на вчерашната прес-конференција организирана по повод организацијата на телевоутингот на Изборот за песна на Евровизија. Причина за ова, според Петровски, е инсистирањето од ?Космофон" да се употребува број кој почнува на префиксот 075, а на кој, со оглед на тоа дека не постојат соодветни технички можности за тоа кај вториот оператор (употребата на ваков број е и спротивна на законот), не дава можност за прифаќање и на гласовите од оние што ја користат мрежата на ?Мобимак". Од овој оператор било предложено или секој да има свој број за гласање, што е регулирано и со Законот за телекомуникации, или да се гласа на универзален број кој ќе почнува на 059 и кој не е во ничија трајна сопственост. Со оглед на тоа што се работи за избор од национален интерес, "Мобимак" најави дека ќе остане отворен за соработка и пронаоѓање заедничко решение и во текот на денешниот ден. Разврската околу организацијата на телевоутингот на националниот избор за Песна на Евровизија, веројатно ќе биде дефинирана денеска, иако не е исклучена ниту можноста евровизиската песна да биде избрана и без телевоутинг. "Космофон" и понатаму инсистира гласањето да се врши на 075 и е подготвен да се откаже од надоместокот кој му припаѓа по секоја СМС- порака пратена од "Мобимак" кон неговата мрежа. (К.Ш.)

Ќе се гласа ли преку "Мобимак"?
Дневник / 14.02.2004
ЕВРОВИЗИЈА
Околу 550.000 корисници на "Мобимак" нема да можат да гласаат со СМС-порака на вечерашниот избор на песната со која Тоше Проески ќе не претставува на Евровизија во Истанбул. Во "Мобимак" велат дека проблемот е тоа што нема законска и техничка можност да се изведе гласањето само преку мрежата на "Космофон". - Понудивме да се гласа и на двете мрежи 070 и 075 или на унифициран број 0-590, но тоа не беше прифатено од "Космофон". Подготвени сме и во последен момент да најдеме решение за гласањето да биде масовно и транспарентно - изјави Јован Петровски, директор на "Мобимак".

До затворањето на весникот не се знаеше дали ќе има гласање со СМС пораки, поради игрите што менаџерката на Тоше ги правела со двата мобилни оператори
Вест / 14.02.2004
СКАНДАЛ ЗА ИЗБОРОТ НА ПЕСНА ЗА ЕВРОВИЗИЈА Националниот избор на песната, која Тоше Проески треба да ја испее на годинашниот Евросонг 2004 во Истанбул, е блокиран.



Back to top Go down
https://tose.forumotion.com
 
Менаџерката на Тоше побарала шестцифрена бројка од „Мобимак"/ 14.02.2004
Back to top 
Page 1 of 1
 Similar topics
-
» "Космофон" и "Мобимак" во битка за Тоше / 13.02.2004
» Тоше Проески се пласираше во финалето на Евросонг 2004 / 13-14.05.2004
» Тоше вечер ќе се натпреварува на Евросонг 2004 / 12.05.2004
» Тоше ќе пее на Градски стадион / 23.05.2004 10.06.2004
» Тоше ќе настапи 15. по ред! / 12.05.2004

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2004-
Jump to: