Tose Proeski
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeLatest imagesSearchRegisterLog in

 

 Владо Јаневски и Тоше Проески со по три награди / 01.03.2003

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin


Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Владо Јаневски и Тоше Проески со по три награди / 01.03.2003 Empty
PostSubject: Владо Јаневски и Тоше Проески со по три награди / 01.03.2003   Владо Јаневски и Тоше Проески со по три награди / 01.03.2003 EmptyFri Sep 20, 2019 12:59 pm

Дневник / 01.03.2003
МАНИФЕСТАЦИЈА "ДВАНАЕСЕТ ВЕЛИЧЕСТВЕНИ"

Наградата за трајни вредности му припадна на Драган Ѓаконовски-Шпато Поп-ѕвездата Тоше Проески ги освои наградите за пејач, концерт и за најпопуларен изведувач по избор на публиката, а на Владо Јаневски му припаднаа наградите за најдобар текстописец, албум ("Има нешто посилно од се") и за хит на годината ("Некогаш и негде") на манифестацијата "Дванаесет величествени", која се одржа завчера во Универзалната сала. За пејачка на годината беше прогласена Биба Додева, а за група "Нонстоп". Мартин Вучиќ беше прогласен за откритие на годината, а наградите за најдобар аранжер и композитор ги зеде Владимир Дојчиновски-Дојчин. На Дарко Димитров му припадна статуетката за најдобар продуцент. Спотот што го изработи "Томато-продукција" за песната "Магија", на дуетот Тоше Проески и Есма Реџепова, победи во номинацијата за видеоизданијата. Годинава наградата за трајни вредности му припадна на Драган Ѓаконовски-Шпато, а во негово име ја прими неговиот син, Мартин кој исто така е музичар и живее во Германија. Годинашното издание на "Дванаесет величествени" беше замислено како спој на музика, мода и убавина. Наградите ги доделуваа манекенки од студиото "Црнокрак", Сашка Павловска, Маја Глигоровска, Викторија Јаначковиќ и други, кои одржаа и две куси модни ревии на кои ги презентираа моделите на бутикот "Монди" од Куманово. На манифестацијата настапија Биба Додева, Маја Вукичевиќ, Калиопи, Тамара и белградската група "187", Мартин Вучиќ, Драган Мијалковски, кој отпеа композиција на Шпато, и Тоше и Есма, кои ја исполнија нумерата "Магија", која го означи крајот на "Дванаесет величествени", на која се прогласуваа најдобрите во поп- и рок-музиката за 2002 година. Освен наградените, поголемиот дел од номинираните учесници не беа присутни на манифестацијата. И овој пат Владо Јаневски не се појави на сцената да си ги прими трите награди. За номинациите и победниците на манифестацијата "Дванаесет величествени" одлучуваа 20 новинари од печатените и од електронските медиуми. Соња Алексоска Неделковска
Back to top Go down
https://tose.forumotion.com
 
Владо Јаневски и Тоше Проески со по три награди / 01.03.2003
Back to top 
Page 1 of 1
 Similar topics
-
» Тоше Проески закрепна и ќе пее во Охрид / 08.08.2003
» Тоше Проески ќе пее пред Македонците во Канада / 26.09.2003
» Промовиран нов спот на Тоше Проески / 20.05.2003
» Официјална веб-страница на Тоше Проески / 03.06.2003
» Тоше Проески во "Заспаната убавица на 21 век" / 01.12.2003

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2003-
Jump to: