Дневник / 08.08.2003
ПОП-ЅВЕЗДАТА ПРОДОЛЖУВА СО АНГАЖМАНИ
Мегаѕвездата Тоше Проески од вчера се чувствува многу подобро и уште вечерва ќе пее на забавата на "Космофон", неговиот генерален спонзор, што ќе се одржи на плоштадот во Охрид. На забавата, чиј организатор е "Фајнл кат продакшн" со свој репертоар ќе се претстават и турската група "Харем" и Тијана Дапчевиќ. - Се чувствувам подобро, а за тоа би сакал да им се заблагодарам пред се на докторите Дејан Докиќ и Бисерка Ќаева од Државната болница. "Космофон" е мојот генерален спонзор, луѓето кои работат таму се навистина големи професионалци и прекрасни соработници.Тоа е дополнителен мотив да соберам сила на таа забава да го дадам максимумот. Би сакал да им се заблагодарам и на сите оние кои се јавуваа и се интересираа за моето здравје - изјави Проески. Тоше в недела заминува за Шпанија, каде што ќе снима две песни на англиски јазик од познатиот композитор Пампкин Дол . (С.А.Н.)