Дневник / 23.04.2003
Нашата најголема поп-ѕвезда Тоше Проески утревечер во хотелот "Холидеј ин" во Сараево ќе го промовира најновиот албум "Ако ме погледнеш во очи". По тој повод тој ќе одржи и прес-конференција на која ќе ги информира новинарите за неговите музички активности и настапи во Босна и Херцеговина. Засега е познато дека тој на 9 мај ќе одржи голем концерт во Сараево. До крајот на неделава се очекува во Македонија да пристигне и бугарската пејачка ѕвезда со која Тоше ќе сними дует за темата "Чија си", со која победи на неодамна одржаната музичка манифестација "Беовизија". (С.А.Н.)