Дневник / 12.07.2003
ВО ЧЕТВРТОКОТ Поп-ѕвездата Тоше Проески во просториите на Интернационалната приватна банка во Скопје во четвртокот им подели околу 40 картички "маестро" на студенти од Албанија. Студентите, членови на "Студентското друштво на Македонците од соседните земји на Република Македонија" самите поднеле барање за картичката чие заштитно лице е Тоше. Со картичката "маестро" може да се подигне готовина на 800.000 банкомати и да се плаќа на седум милиони продажни места низ светот.